Македонија бележи драматичен пораст на бројот на заразени со коронавирус, додека и повеќето европски земји секој ден регистрираат нови рекорди и воведуваат сѐ построги мерки.
- Во изминатите 24 часа во Македонија се потврдени 870 нови случаи на зараза, убедливо најмногу во еден ден досега, при што биле направени 2.647 тестирања.
- Речиси половина од позитивните тестови се во Скопје, 422, па следуваат Струмица со 55, Велес со 38, Битола со 29 и Прилеп и Куманово со по 28.
- Претходниот рекорд од 641 новозаразен датираше од 21 октомври.
- Во Македонија досега има 28.647 случаи на коронавирус.
- Ковид-19 однесе уште 14 животи, на возраст од 51 до 83 години, а вкупно 963 од почетокот на епидемијата.
- Бројот на активни случаи порасна на 7.963, од кои 3.828 се во Скопје.