МАРИХУАНАТА МОЖЕБИ ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ СМЕТА ЗА ДОПИНГ ВО СПОРТОТ

Монтреал, (Ројтерс)

Светската антидопинг агенција (ВАДА) размислува да ја отстрани марихуаната од листата на забранети супстанци во спортот. Ова следува откако американската спринтерка Шакари Ричардсон ги пропушти Олимписките игри во Токио поради позитивен тест за канабис во јуни.

ВАДА соопшти дека научната анализа ќе почне следната година и дека канабисот ќе остане на листата во текот на 2022.

Дваесет и едногодишната Ричардсон важеше за една од фаворитките на трката на 100 метри, пред да биде суспендирана. Таа изјави дека пушела марихуана за да се справи со смртта на мајка ѝ. Американските спортски власти признаа дека марихуаната не била користена за подобрување на перформансите, но немале избор и морале да ги следат правилата. Позитивен тест за канабис моментално може да донесе и четиригодишна суспензија.

И претседателот на Светската атлетска федерација, Себастијан Коу, претходно ги поддржа повиците за промена на статусот на марихуаната.