„ЕПЛ“ ГО ПРЕТСТАВИ „АЈФОН 13“

Њујорк, (Би-Би-Си)

„Епл“ го претстави својот нов смартфон „ајфон 13“ и се пофали дека го има најнапредниот систем на камери досега. Тој снима видеа во кои е можно да се фокусираат објекти и кога позадината е матна.

„Новиот кинематографски режим предвидува кога некој влегува во кадар и го свртува фокусот кон него“, појасни шефот на „Епл“, Тим Кук.

Сепак, повеќето карактеристики на новиот модел се ажурирања на претходните верзии. Новиот „ајфон“ има побрз чип А15, посветол екран и подолго траење на батеријата за два и пол часа. Тој доаѓа и во неколку нови бои. Меморијата е зголемена до 500 гигабајти, а во моделите со најмала меморија има подобрување од 64 на 128 гигабајти.

Промоцијата следува во периодот кога корисниците подолго се задржуваат на еден телефон. Проценето е дека 250 милиони корисници на „ајфон“ не го промениле својот телефон три и пол години.

Цените на „ајфон 13“ ќе се движат од 910 до 1.230 евра.