МАРС НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА РОВЕРОТ „ПЕРСЕВЕРАНС“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кејп Канаверал, (Би-Би-Си)

Изминаа две недели откако роверот „Персеверанс“ се спушти на површината на Марс по седуммесечно патување од Земјата.

Во меѓувреме, тој испрати неверојатни фотографии од околината на своето место на слетување, кратерот Језеро, 49 километри широка депресија северно од екваторот на планетата.

Главната цел на мисијата на „Персеверанс“ е да бара траги на древен примитивен живот, што можеби постоел во она што научниците веруваат дека некогаш било езеро. Тој притоа ќе ја испитува геологијата на Марс и ќе собира примероци од карпи и почва, а попатно и ќе фотографира со своите 23 камери. Во план е да се изведе и првиот лет со минихеликоптер во разретчената атмосфера на Марс.