Меколи Калкин, кој го играше осумгодишниот Кевин Мекалистер во „Сам дома“, ја откри својата ѕвезда на Булеварот Холивуд во Лос Анџелес.
На церемонијата тој повторно се сретна со актерката Кетрин О’Хара, која ја играше неговата мајка во филмскиот хит од 1990 година.
„Ти благодарам што ме вклучи и мене, твојата ‘лажна мајка’ која те остави сама дома не еднаш, туку двапати“, кажа на церемонијата актерката. На Калкин му се придружија и неговата свршеница, актерката Бренда Сонг и нивните деца.
„Филмот ‘Сам дома’ беше, е и секогаш ќе биде глобална сензација“, го започна својот говор О’Хара. „Причината поради која семејствата ширум светот не можат да дозволат ниту еден Божик да помине без да го гледаат филмот, е поради Меколи Калкин. Неговата совршена глума го направи филмот класика“, додаде О’Хара.
Фото: Гети