ИЗЛОЖБА ЗА 50. СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ НА „ОСТЕН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20.20 часот во Музејот на Град Скопје, галеријата „Остен“ ќе ги објави имињата на наградените автори на 50. Светска галерија на карикатури Скопје 2018.

По повод јубилејот, на изложбата ќе се презентира по едно дело од сите карикатуристи кои се пријавија на конкурсот, а тоа се 208 карикатуристи од 50 земји во светот, од кои 140 првоселектирани ќе бидат застапени со репродукција во каталогот.

Од „Остен“ велат дека конкуренцијата била голема, а Ердоган Басол од Турција доаѓа во Скопје во двојна улога, како селектор и член на жири.

Членови на меѓународната жири комисија се и Ен Телнес (САД, редакциски карикатурист во „Вашингтон пост“), Владимир Казаневски (Украина, карикатурист и предавач по теорија на карикатура), Мостафа Рамезани (Иран/Франција, карикатурист и графички дизајнер) и Мице Јанкуловски од Македонија, уметник, карикатурист и претставник на „Остен“.