Дуото „Вем“, Сем Рајдер и Мараја Кери се борат за годинашниот божиќен хит број еден во една од најнеизвесните празнични битки на топ-листите во последните години. Денеска (петок) ќе се знае победникот чија божиќна песна е најслушана за оваа година.
„Минатиот Божиќ“ (Last Christmas) од „Вем“ е фаворит. Кога излезе во 1984 го достигна второто место и беше број еден двапати во изминатите три години, но никогаш во самата божиќна недела.
„Ти си Божиќ за мене“ (You’re Christmas To Me) од Сем Рајдер е ексклузива на „Амазон“ и интензивно е промовирана од компанијата.
„Сѐ што сакам за Божиќ си ти“ (All I Want For Christmas Is You) од Мараја Кери беше број два во 1994 година.
„Среќен Божиќ“ (Merry Christmas) од Ед Ширан и сер Елтон Џон беше број еден пред и по Божиќ кога беше објавена во 2021.