Младински културен центар се приклучува кон одбележувањето на 60-годишнината од земјотресот во Скопје со денешниот настан „МКЦ не заборава“, чии содржини почнуваат во 18 часот.
Настанот ќе ги вклучи настапите на групите „Педро Хорисонте“, „Луфтанза“ и „Баклава“, која вечерва ќе го промовира албумот „За Скопје со љубов“, а на полноќ ќе се прикаже филмот „Скопје ремикс“ во паркот на МКЦ.
Ќе има и книжевен времеплов низ Скопје, Доротеј Нешовски ќе води детска ликовна работилница, а ќе се одржат и две изложби, „Бетонско Скопје“ и „Попатни одблесоци“. На втората ќе бидат претставени фотографии од Ристо Костовски.