„ТЕМПЛУМ“ ОРГАНИЗИРА МАЛ НОВОГОДИШЕН САЕМ НА КНИГА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Мал новогодишен саем на книга ќе се отвори вечерва во Младински културен центар во Скопје и ќе трае до 28 декември. Во организација на „Темплум“, на саемот ќе се претстават и издавачките куќи „Готен“, „Бегемот“, „Блесок“, „Бункер“, „Чудна шума“, „ИЛИ-ИЛИ“ и „Артконект“.

На отворањето изложба ќе има Будимка Поповска, проследено со промоција на три нејзини книги. Во наредните денови, ќе бидат промовирани и збирката раскази „Неми филмови“ од Димитар Димоски, детските книги „Синиот зајак“ и „Чудесни деца“, стихозбирката „Средни години“ на Алеш Мустар, стриповите „Македонија“ и „Зенобија“, како и книгите „12 македонски фотограф(к)и“ и „Десетте најдобри раскази на светот“.