МНТ ЈА ПРОМОВИРА МОНОГРАФИЈАТА „ТЕАТАРОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претстави на Македонскиот народен театар изведувани во изминатите триесетина години се собрани во монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски, што ќе биде промовирана вечерва од 19 часот на големата сцена на МНТ. Во книгата се содржани фотографии од дел од претставите изведувани на сцената на МНТ од 1993 година до денес, дело на театарскиот фотограф Кире Галевски.

Фотографиите се проследени со есеи, чии автори се Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.