Претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, продукција на Македонскиот народен театар (МНТ), денеска (21 октомври) учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“, БиХ.
Според селекторот на фестивалот Горан Дамјанац, оваа година селекцијата е насочена кон поединечни, големи мајстори на театарската уметност.
Во претставата од Хенрик Ибзен играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.
Фестивалската програма трае до 25 октомври, а за МНТ ова е второ учество на овој фестивал.
Фото: К. Галевски