МУЗЕЈ ВО ВИЕНА СОБИРА ПРЕДМЕТИ ПОВРЗАНИ СО КОВИД-19 ЗА ДА ЈА ДОКУМЕНТИРА ПАНДЕМИЈАТА

Виена, (АФП)

Над илјада предмети пристигнале во Музејот за историја во Виена, кој испратил повик за собирање фотографии и предмети кои се користат во секојдневниот живот, за да ја документира пандемијата на коронавирусот за идните генерации.

Околу 1.800 предмети како маски, заштитни сини ракавици и полициски знак за држење дистанца стигнале на повикот кој беше објавен на 25 март, изјави портпаролката на музејот.

„Сакаме да им раскажеме на нашите деца и на децата на нашите деца што се случуваше во Виена поради оваа ситуација“, рече Констанца Шефер.

Изложбата би се одржала дури за неколку години, за да може да се направи историска дистанца од пандемијата.