Кустос водичот Бојана Јанева на 4 ноември од 12 часот ќе ги води посетителите на Музејот на современата уметност во Скопје низ трите новоотворени изложби: меѓународната „Сè што ни е заедничко“, мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ „Горчлив шеќер“ и архитектонската изложба „Иднината како проект / Доксијадис во Скопје“.
Од 13 часот, како пропратен настан ќе има матине со диџеј сет, а ќе има и Детско катче, каде што најмладите ќе можат да цртаат поттикнати и инспирирани од изложбите.
(Фото: МСУ)