НАД 100 СКУЛПТУРИ И ЦРТЕЖИ ОД ПОПОСКИ-ДАДА НА ИЗЛОЖБА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во 19 часот, во Националната галерија на Македонија-Даут пашин амам, ќе се отвoри ретроспективна изложба на Драган Попоски-Дада, доајенот на македонската современа скулптура.

Поставката содржи над стотина скулптури и цртежи од сите творечки периоди на Попоски, почнувајќи од 1964 година. Делата кои ќе бидат претставени се сопственост на авторот и на повеќе институции (НГМ, Музеј на современата уметност, Музеј на Македонија, Центар за современа ликовна уметност во Прилеп, Служба за општи и заендички работи при Владата).

Куратори на проектот се Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска-Брзанова, кои велат дека изложбата претставува одбележување на повеќедецениското творештво, кое се издвојува со карактеристичниот авторски белег на еминентниот скулптор.