Дури 44 хрватски града се откажаа од огнометите за Нова година и ќе ги заменат со атрактивни еколошки светлосни ефекти, со цел да се намали штетното влијание на прославите врз животната средина.
Загреб, Риека, Пула, Осиек, Вараждин, Дубровник, Задар, Винковци, Ровињ и Пореч се некои од градовите во кои што нема да се слави со огномети, објави новинската агенција ХИНА. Меѓу поголемите градови кои засега не се приклучија на оваа иницијатива е Сплит.
Мали Лошињ беше првиот хрватски град кој во 2019 донесе одлука да се откаже од новогодишните огномети.
„Имајќи предвид дека во Хрватска има 127 градови, приклучувањето кон иницијативата оди бавно, но сепак се движи. Фактот дека сѐ повеќе градови се откажуваат од организацијата на огномети покажува дека постои етичка и еколошка свест и дека се води грижа за граѓаните и животните“, изјави Лорена Херцег од здружението „Пријатели на животните“.
(Фото: СДК.МК)