ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ЗАКАЖА ПЕТТИ КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА, ПОСЛЕДЕН ВО ОВОЈ ЦИКЛУС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска (11 декември), во продажба се билетите за петтиот концерт на Владо Јаневски во Филхармонијата, кој е закажан за 27 јануари.

„Авалон продукција“ објави дека по трите концерти кои кантавторот ги одржа во ноември и по распродадениот четврти концерт на 26 јануари, закажан е и петти. Серијалот концерти на Јаневски е наречен „Златни години – најдоброто од Владо Јаневски” и е во рамките на славењето на 30 години „Авалон“.

Од продукцијата велат дека ова е последен концерт на Јаневски во овој циклус, а влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во нивната продажна мрежа низ Македонија.

(Фото: К. ПОПОВ)