НАЈТРОФЕЈНИОТ НБА-КЛУБ БОСТОН СЕЛТИКС ПРОДАДЕН ЗА РЕКОРДНИ 6,1 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

САД, (Би-Би-Си)

Група предводена од американскиот бизнисмен Вилијам Чисолм се согласи да го купи најтрофејниот НБА-клуб Бостон Селтикс за 6,1 милијарда долари. Тоа е најголемата сума платена за еден северноамерикански спортски клуб досега.

Минатата година, „Форбс“ го процени Селтикс како четврти највреден НБА-тим (шест милијарди долари), додека на првото место е Голден Стејт Вориорс со 8,8 милијарди.

Чисолм потекнува од областа на Бостон и цел живот е фан на Селтикс, кој лани ја освои рекордната 18. НБА-титула.

Досегашните сопственици на Селтикс го купија клубот за 360 милиони долари во 2002.

(Фото: Гети)