Самостојната изложба на Наташа Неделкова, „Изведувајќи го безличното/Манифестирање на спекулумот“ (Performing the Impersonal/Manifesting Speculum), се отвора денеска во 12 часот во Музејот на современата уметност. Куратори на изложбата се Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.
Неделкова беше меѓу тројцата наградени автори на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници. Истовремено, таа е избрана да биде дел од официјалната програма на годинашното Европско номадско биенале за современа уметност – Манифеста 14.
„Изведувајќи го безличното/Манифестирање на спекулумот“ е проект што Неделкова го реализира во форма на две видеоинсталации, „The Act of Seeing“ и „Manifesting Speculum”, во два засебни простора во МСУ.