НЕ НИ ТРЕБААТ ТУРИСТИ КОИ САМО ПУШАТ МАРИХУАНА, ВЕЛИ ТАЈЛАНД

Бангкок, (Ројтерс)

Тајландското министерство за здравство им порача на туристите да не доаѓаат во земјата само заради пушење марихуана. Тајланд пред два месеца донесе нови закони, со кои канабисот беше декриминализиран.

Не ни требаат такви туристи“, изјави министерот Анутин Чарнвиракул.

Во 2018, Тајланд стана првата држава во југоисточна Азија која го одобри користењето на канабисот за медицински цели. Во јуни, целото растение беше декриминализирано, со што практички се дозволи и рекреативната употреба, а продавниците и локалите за канабис со специјални соби за пушење брзо станаа хит меѓу мештаните и туристите.

Сепак, оние кои пушат во јавност се соочуват со три месеци затвор или казна до 700 долари.

Политиките на Тајланд привлекоа интерес во соседната Малезија, која исто така размислува да ја легализира медицинската употреба на канабисот.