НЕМА ПРЕГЛАСУВАЊЕ, ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ СЕ ГЛАСА УШТЕ ВО 35 ОПШТИНИ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Државната изборна комисија (ДИК) ги прогласи за конечни резултатите од првиот круг од локалните избори.

Нема да има прегласување на првиот круг во ниту една од општините во Македонија.

Во вториот круг за избор на градоначалник ќе се гласа во 35 општини.

ДИК ја донесе оваа одлука откако од Управниот суд ги доби пресудите за тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, ТМРО, Левица и од Алијанса за Албанците.

Втор круг за избор на градоначалник ќе има во скопските општини Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари, Чаир и Сарај.