Според првичните неофицијални резултати од локалните избори по двата изборни круга апсолутен победник е СДСМ со коалиционите партнери.

 

Список на освоени градоначалнички места во осумдесетте општини и градот Скопје:  

СДСМ – 57

ДУИ – 11

ВМРО-ДПМНЕ – 5

Алијанса на Албанците – 3

ДПА – 1

Демократска партија на Турците – 1

Независни кандидати – 3

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски рече дека неговата партија не ги признава изборните резултати.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го повика Груевски да мисли на интересот на граѓаните.

Конечните резултати треба да ги верификува Државната изборна комисија по роковите за жалби на партиите.

 

Г. КОНЕВ