НОБЕЛОВЦИТЕ ЗА МИР МУРАД И МУКВЕГЕ СЕ ДОКАЗ ДЕКА ПРИКАЗНИТЕ НА ПРЕЖИВЕАНИТЕ ИМААТ ВРЕДНОСТ

Осло, (Си-Ен-Ен)

Тоа што годинашната Нобелова награда за мир им се доделува на д-р Денис Муквеге и на Надја Мурад кажува една работа: приказните на преживеаните вредат.

Првиот е гинеколог кој во својата болница во Конго третирал илјадници жени силувани од припадници на локални воени милиции, а Мурад самата минала низ сексуалното ропство на Исламска држава.

Во пресрет на денешната церемонија во Осло, тие го потсетија светот дека сексуалното насилство во воени услови е нешто што цело време се случува, барајќи правда за многубројните жртви.

Клиниката на Муквеге во градот Букаву секоја година прима илјадници силувани жени, од кои повеќето требаат операција.

Дваесет и петгодишната Мурад е гласот на језидското малцинство од Ирак. Таа била заробена и постојано силувана откако нејзиното село во близина на Мосул го нападнала Исламска држава во 2014 година. Во август, една година откако таа почна кампања, Советот за безбедност на Обединети нации одобри формирање на истражувачки тим, што треба да собере докази за воените злосторства на Исламска држава.

Досега не сме виделе ниту едно судење, жртвите заслужуваат правда и се надевам ќе ја добијат еден ден. Да не беше нашата кампања во последните четири години, ништо немаше да се помрдне“, вели Мурад, додавајќи дека околу 3.000 Језитки и натаму се во сексуално ропство на Исламска држава.