Во велешката библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана книгата „Распарчени“ на норвешката авторка Хилде Миклебуст. Таа допатува во Велес за промоцијата на романот, кој во Македонија го издаде „Бата прес“. Миклебуст напишала интимна приказна исполнета со силни емоции, живописен роман за пријателството, наменет за млади.
„Во ред е истовремено да се биде тажен и радосен“, порача Миклебуст на средбата со учениците од основните училишта во Велес.
Авторката сподели моменти за настанувањето на романот и за градењето на ликовите и откри дека инспирација за содржината на романот била загубата на нејзиниот пријател Аре. Романот зборува за школски другари за кои започнува летниот распуст, пред да почнат со средно училиште и да бидат разделени во различни животни насоки.
П. ПЕЧКОВ