Норвежаните лани купиле рекорден број електрични автомобили, покажуваат официјални податоци. Четири од пет новорегистрирани возила биле електрични, односно лани биле купени 138.265 електрични автомобили, што е 79,3% од вкупната продажба на патнички автомобили.
Притоа беше соборен рекордот од 2021, кога уделот на електричните автомобили во севкупната продажба бил 65%.
Колку за споредба, електричните возила сочинуваа само 8,6% од новорегистрираните автомобили во Европската Унија во првите девет месеци од минатата година.
Норвешките власти нудеа и разни субвенции за купување електрични автомобили, кои само лани изнесуваа четири милијарди евра.
(Фото: ДПА)