Истражувачите кои работат во Израел идентификувале досега непознат тип на древен човек, кој живеел паралелно со нашиот вид пред 100.000 години. Тие веруваат дека остатоците пронајдени кај градот Рамла припаѓаат на еден од последните преживеани припадници на многу стара човечка група.

Останките се состојат од делови од череп и вилица од поединец кој живеел пред 140.000-120.000 години. Научниците сметаат дека овој поединец потекнувал од претходен вид кој можеби се раширил од регионот пред стотици илјади години и довел до создавање на Неандерталците во Европа и на нивните еквиваленти во Азија. Тие го именувале новиот вид како Нешер Рамла хомо.

„Ова откритие повторно ја обликува приказната за човечката еволуција, особено на Неандерталците. Општата слика за нивната еволуција досега се врзуваше за Европа. Сè почнало во Израел. Претпоставуваме дека локална група била извор на популацијата. За време на меѓуглацијалните периоди, Нешер Рамла луѓето мигрирале од Азија во Европа“, вели Хила Мај од Универзитетот во Тел Авив.

Научниците сметаат дека Нешер Рамла луѓето биле присутни во регионот уште пред 400.000 години.