НОВИ 68 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ НАЈАВУВА УШТЕ ПОДОЛГ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ВЕЛИГДЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Македонија четврти ден по ред има пораст на бројот на новозаразени со коронавирус, додека Владата најави дополнително продолжување на полицискиот час за Велигден.

  • Во последните 24 часа имаше 68 позитивни теста на коронавирус, од кои 18 во Куманово, 15 во Скопје, 14 во Прилеп, 10 во Струга, шест во Велес, два во Тетово и по еден во Битола, Гостивар и Кочани.
  • Ова произлезе од 404 тестирања.
  • Вкупната бројка заразени во Македонија порасна на 828, од кои 34 починале, а има и 41 заздравен пациент.
  • Македонија ги брои последните часови од најдолгата општа забрана за движење досега, а Владата најави дополнително заострување на оваа мерка за следниот викенд, кога е Велигден.
  • Според министерот за здравство Венко Филипче, се предлага полициски час непрекинато да трае од петок попладне до вторник наутро, а прво олеснување на рестрикциите би требало да има во првата половина на мај.
  • На светско ниво досега има над 1,8 милиони заразени и над 112.000 починати.