ЊУЈОРК ЌЕ ЈА РАЗБИВА АВТОМОБИЛСКАТА КУЛТУРА СО ИЗГРАДБА НА НОВИ 250 ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ

Њујорк, (Гардијан)

Њујорк ќе гради повеќе од 250 нови велосипедски патеки и ќе додаде еден милион квадратни метри пешачки простор, што има за цел да ја разбие „автомобилската култура“ на градот.

Градските власти усвоија закон кој предвидува инвестирање на 1,7 милијарди долари во патната инфраструктура во наредните десет години, потег за кој се надеваат дека ќе ги трансформира градските улици и значително ќе ја подобри безбедноста на пешаците и велосипедистите.

Сакам целосно да го револуционаризирам начинот на кој ги делиме нашите улици и тоа е она што го прави овој закон. Оваа мапа треба да ја разбие градската автомобилска култура“, изјави спикерот на градскиот совет Кори Џонсон, кој се најавува како кандидат за градоначалник на изборите во 2021.

Велосипедизмот е во подем во Њујорк, но се зголемува и бројот на несреќи. Оваа година загинале 25 велосипедисти, што е најголема бројка во последните 20 години.

Речиси 800.000 њујорчани редовно возат велосипед, од кои 490.000 секој ден, трипати повеќе во споредба со 15 години порано. Во градот има 2.000 километри велосипедски патеки, од кои 770 се заштитени.