Од денеска се продаваат влезниците за првото гостување на фудбалската репрезентација на Германија во Македонија. Цените на картите се 100, 300 и 500 денари, а на стадионот „Тоше Проески“ ќе може да се влезе само со потврда за вакцинирање или за прележан ковид-19 во изминатите 45 дена . Источната трибина ќе им биде отстапен на гостинските навивачи.
Бројот на гледачи ќе биде ограничен на 50% од капацитетот на трибините, согласно мерките за заштита од ковид-19 и протоколот на УЕФА.
Мечот се игра на 11 октомври со почеток во 20:45 часот и е во рамките на квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар. Македонија сензационално славеше на првиот меч со 2:1, а двете репрезентации во меѓувреме добија нов селектор.