ОД ПРВИОТ ДЕН НА ЗЕМЈАТА ВО 1970, НИВОТО НА ЈАГЛЕРОДЕН ДИОКСИД ПОРАСНАЛО КАКО НИКОГАШ ЗА 800.000 ГОДИНИ

Њујорк, (Мешабл)

Кога на 22 април 1970 првпат беше одбележан Денот на Земјата, атмосферата на нашата планета беше значително поразлична. Во тоа време, научниците измериле дека нивото на јаглероден диоксид било околу 325 честички на еден милион (ппм), а речиси половина век подоцна, тоа порасна на 412 ппм.

Научниците ја опишуваат оваа промена како нешто што не се случило во изминатите 800.000 години.

„Зголемувањето на нивото на јаглероден диоксид од првиот Ден на Земјата е незабележано во геолошката историја. Последен пат кога било вака високо, нивото на морето било десетици сантиметри повисоко отколку денес“, вели Ден Брикер, палеоклиматолог од Универзитетот Тексас во Остин.

Наречен плиоцен, тоа бил еден од потоплите геолошки периоди на Земјата, кој траел пред 2,5-5 милиони години. Нивото на океаните тогаш било повисоко за 900 сантиметри како резултат на топењето на мразот.

Во последните милион години, нивото на јаглероден диоксид на Земјата варирало, но природно се движело меѓу 180 и 280 ппм. На годинашниот Ден на Земјата, ова е надминато за дури 130 ппм, што дефинитивно не е нормално. Особено ако се спореди со првиот Ден на Земјата, 87 ппм за само 49 години“, вели Брикер, додавајќи дека Земјата ќе продолжи да се загрева во наредните векови.