ОД СИНАТРА ДО ВАЛЦЕР – ГРАДСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР СО НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
В четврток (14 декември), Градскиот дувачки оркестар од Скопје ќе одржи новогодишен концерт во Младински културен центар од 19 часот.
На репертоарот ќе бидат популарни теми од Френк Синатра, „АББА“, Влатко Стефановски, Зафир Хаџиманов, Дин Мартин и други во нови аранжмани, повеќето на Хусеин Еминовиќ. Оркестарот ќе го свири и Радецки марш од Јохан Штраус.
Влезот на концертот е бесплатен.