КОНЦЕРТ НА НИНА БАДРИЌ ВО ОХРИД НА 29 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на 29 август од 20 часот ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид, за крај на летната сезона на поп концерти, објави продукција “Прагма”.                                На регионалната сцена Бадриќ е активна од 1996 и има издадено десет студиски албуми. Во 2024 во Скопје ја испеа нејзината верзија на македонската народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“, што ја сними за албумот на браќата Тавитјан, „Македонското срце чука во 7/8“ од 2012. Билетите се во продажба преку мрежата на Купи карта.