„ОФЕНБАХ“, „НАПАЛМ ДЕТ“, ВОЈКО В И СТРАЈК НА Д ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Новите ѕвезди на француската електронска сцена „Офенбах“, бендот кој ги постави темелите на грајндкор сцената „Напалм Дет“, сплитскиот рапер Војко В и македонскиот андерграунд хип-хоп изведувач Страјк се новите имиња кои ги најави „Пасворд продукција“ за Д фестивалот, кој ќе се одржи од 12 до 14 јули во Дојран.

Фестивалот претходно го најави настапот на холандската музичка сензација и трикратни сопственици на „Битпорт Мјузик“ наградите, „Ноизиа“.

Организаторот вели дека во тек е втората етапа од Ран Корморан акцијата на Д Фестивалот, откако билетите од првата фаза беа целосно распродадени. Новата промо-цена за тридневните билети е 800 денари (без кампување) и 850 денари (со кампување), а ќе важи само за органичен број на влезници достапни во продажба на сите благајни на МкТикетс и онлајн.