Драмски театар од денеска почнува со прикажувањето претстави од сопствениот репертоар на својот Јутјуб канал.
Вечерва во 20 чaсот e најавена претставата „Огнени јазици“ од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски. Утре во исто време ќе се прикаже „Кандид во земјата на чудата“, по текст на Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски.
„Овие претстави ќе останат на Јутјуб каналот на Драмски театар и ќе можат да се гледаат и во иднина“, велат од Театарот.