ОЛИМПИСКОТО СЕЛО ВО ТОКИО ЌЕ СЕ НАПРАВИ ОД ДРВА ДОНИРАНИ ОД ЈАПОНСКИТЕ ОПШТИНИ

Токио, (АФП)

Централното место во Олимпиското село за време на Летните олимписки игри во Токио 2020 ќе биде изработено од дрва кои се донација од 63 општини во Јапонија. Станува збор за плоштад, наречен Village Plaza, клучно место каде ќе се пријавуваат и собираат спортистите и нивните тимови, како и простор за прес-конференции за време на Олимпијадата.

Подот, ѕидовите и делови од покривот се изработени од дрво, и тоа од јапонски ариш, јапонски бор и чемпрес. Објектот е направен во стил кој ги комбинира модерните и традиционални елементи.

Фото: АФП

По завршувањето на Олимпијадата, објектот ќе биде размонтиран и елемнтите ќе може повторно да се искористат. Тоа е дел од ветувањето на организаторите за што е можно поеколошки Олимписки игри.