ОЛИВЕРА БАЛАШЕВИЌ НА 15 МАРТ ГОСТУВА ВО МНТ СО МОНОБАЈКА

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Српската актерка Оливера Балашевиќ на 15 март ќе гостува во Македонскиот народен театар (МНТ) со монобајката „Презимето на розата“. Претставата е во нејзина режија.

Шеесет и петгодишната Балашевиќ е и писателка, чиј сопруг беше легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во 2021.

Од МНТ велат дека „Презимето на розата“ е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планетата двор“ (Планета двориште).

„Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството. ‘Презимето на розата’ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни“, велат од МНТ.

Асистентка на режисерката е Јелена Балашевиќ, а дизајнер на светло е Бранислав Агарски.

По претставата ќе има промоција на романот „Планетата двор“ .

Фото: Л. Сарач