Научниците ја откриле најстарата црна дупка досега, која се формирала 470 милиони години по Големата експлозија. Ова откритие го потврдува она што досега беа само теории – дека супермасивни црни дупки постоеле во почетоците на универзумот.
Имајќи предвид дека универзумот е стар 13,7 милијарди години, тоа значи дека оваа црна дупка е стара 13,2 милијарди години. Она што уште повеќе ги изненади научниците е што таа е десет пати поголема од црната дупка во нашиот Млечен Пат.
„Се верува дека тежи некаде од 10% до 100% од масата на сите ѕвезди во нејзината галаксија“, изјави Акос Богдан од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.
Сознанијата за црната дупка се резултат на едногодишните набљудувања од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ и вселенската опсерваторија „Чандра“.
(Фото: АП/НАСА)