МЕЛАНИ ТРАЈКОВСКА ОД ДЕЛЧЕВО ОСВОИ ТИТУЛА ЗА УБАВИНА ВО ТУРЦИЈА

Анталија, (СМАРТ СДК.МК)

Седумнаесетгодишната Мелани Трајковска од Делчево ја освои титулата кралица на модата (Queen of fashion) на изборот за убавина „Кралица на Евроазиja“, кој се одржа во Анталија, Турција. Севкупната победничка беше претставничката на Украина.

„Ова е уште една во низата титули кои девојките од модното студио ‘Црнокрак’ ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина низ светот, потврдувајќи дека се вистински амбасадорки на македонската убавина“, изјави модниот менаџер Мики Црнокрак.

На изборот учествуваше уште една девојка од истото модно студио, Љубица Блажеска (20) од Струга, која влезе меѓи десетте финалистки. Во жирито беше и моделот Сандра Стефановска, која беше победничка на овој избор во 2017.