Научниците го идентификуваа можеби најголемиот рептил кој некогаш пливал во морињата – суштество долго повеќе од два автобуса кое живеело пред 202 милиони години покрај диносаурусите.
Неговата фосилизирана вилица била пронајдена во 2016 на плажа во Велика Британија, а четири години подоцна, татко и ќерка пронашле друга слична вилица. Експертите сега велат дека вилиците припаѓаат на два рептила од видот ихтиосаур, кои можеле да бидат долги 25 метри.
Тоа е поголемо од плиосаурусот чиј череп беше пронајден во карпите во Дорсет и потоа се појави во документарец на Дејвид Атенборо.
„Врз основа на големината на коските на вилицата – едната долга повеќе од еден метар, а другата долга два метра – можеме да заклучиме дека целото животно би било долго околу 25 метри, приближно колку син кит“, изјави Дин Ломакс, палеонтолог од Универзитетот во Бристол.
Сепак, тој додава дека ќе бидат потребни повеќе докази за да се потврди точната големина на животното.
„Џиновскиот ихтиосаур изумрел во масовно истребување и оние кои живееле потоа никогаш не ја достигнале огромната големина“, додаде Ломакс.