ОТВОРЕН 19. „ЗИМСКИ САЛОН“ СО ДЕЛА ОД НАД 40 МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дела на повеќе од 40 македонски уметници се дел од 19. издание на „Зимски салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, што се отвори синоќа во Националната галерија Чифте амам. Биеналната изложба, чија годинашна тема е „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“, ќе може да се погледне до 19 февруари.

Кураторка е професорката на Националниот универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, која како гости покани петмина романски уметници.

Фото: К. ПОПОВ