ОВА Е НАЈСКАПОЦЕНОТО НЕШТО ШТО МИ ОСТАНА ОД ВАС, ВЕЛИ ФЕРЧО МУСТАФОВ ЗА ОРОТО „СПОМЕН“, КОЕ ГО СНИМИ СО ДЕДО МУ ФЕРУС И ТАТКО МУ ИЛМИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музичарот Ферчо Мустафов го објави заедничкото оро кое го снимил со неговиот дедо Ферус и со татко му Илми Мустафов пред една година.

Песната е со наслов „Спомен“, а Мустафов изминатите месеци го снимаше спотот во Србија. Во кадрите се појавуваат и заеднички фотографии со татко му и дедо му, направени на нивните телевизиски гостувања.

„Ова е најскапоценото нешто што ми останува како највреден спомен од вас, мои кралеви. Секој момент поминат заедно, сите неодговорени прашања и недокажани нешта ги има во оваа мелодија“, изјави Ферчо Мустафов.

На 22 мај оваа година по кусо боледување почина Ферус Мустафов, а на 15 август неговиот син Илми. Ферчо Мустафов живее и работи во Србија и соработува со тамошните пејачи и музичари.