ОВАЦИИ ЗА ДУВАЧКИОТ ОРКЕСТАР НА „ЛУЈ“ КОЈ ЈА СВИРЕШЕ „ТРИЛЕР“ ОД МАЈКЛ ЏЕКСОН НА НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дувачкиот оркестар на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ ја свиреше култната песна на Мајкл Џексон, „Трилер“ на новогодишниот концерт на учениците на Луј, сношти (25) декември во Музејот на македонската борба во Скопје. Публиката со овации ги награди учениците и диригентот, маестро Ле Фи Фи, инаку нивен професор во училиштето.

Младите започнаа со дело од македонски композитор, „Парада на дрвените војници“ од Зоран Крагуевски, па „Марш на белите рози“ од Џон Филип Соуса.

По концертот, публиката во лобито на музејот ја забавуваше женски квартет фјелти, ученички од средното музичко (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

Претходно, неколку солисти од средното и од основното образование ја воодушевија публиката со својата изведба свирејќи разновидни дела. Настапија Aда Богоевска на виолончело, Елена Чочоска на флејта, Григориј Колевски на пијано, Јована Филиповска на виола, Филип Трајковски на хармоника, Дамјан Атанасов на пијано, Ева Малиновска на виолончело, Стефан Шурбевски на ксилофон, Ирина Давидовска на пијано, Илија Јовчев на виолина, клавирското трио Туле, Гиноска и Ристовски, Петар Митиќ на пијано, Божана Гошева на виолина и Иван Стојанов на пијано.

Традиционално, на почетокот на концертот директорот Јован Бицевски и Светлана Петровска, претставник на фондацијата „Илија Николовски- Луј“ доделија плакети и парични награди за најуспешните ученици за 2023/2024.

Наградите ги добија пијанистот Иван Стојанов, виолинистката Божана Гошева, Лука Петковски кој е музичар-теоретичар, и Дора Пајдакова, балетски играч.

По концертот, публиката во лобито на музејот ја забавуваше женски квартет фјелти, ученички од средното музичко.

М. ЏАРОВСКА