Локалната власт ги награди учениците и нивните ментори од Општина Велес кои добиле награда на државен или меѓународен натпревар во учебната 2023/24 година. Парична награда добија 106 деца и 58 ментори, од кои 76 ученици и 40 ментори од основните училишта и 30 ученици и 18 ментори од средните училишта.
„Со оваа одлука и со финансиската награда сакавме да ги мотивираме и охрабриме и учениците и нивните ментори да продолжат по патот на успехот“, кажа градоначалникот Марко Колев.
Учениците добија по 5.000, 4.000 или 3.000 денари за прво, второ и трето место, исто толку и менторот. Доколку ученикот имал повеќе пласмани меѓу првите тројца, добива една награда, и тоа за најдоброто освоено место.
П. ПЕЧКОВ