ПЕДЕСЕТ ГОДИНИ КАРИЕРА НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖАТ СО ИЗЛОЖБА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Педесет години кариера на Влатко Стефановски ќе бидат претставени на изложба во Скопје, во рамките на 10. издание на фестивалот на музички документарни филмови Скопје синема сити. Изложбата ќе биде поставена во Мала станица, а отворањето е на 26 јуни.

На изложбата ќе можат да се видат фотографии од Стефан Рајхл, Ангел Ситновски-Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски-Манде.

Во 2024, Влатко Стефановски одбележува 50 години од својата кариера и на овој начин фестивалот му оддава почит. Изложбата сведочи за многуте концерти на Стефановски, соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери“, велат организаторите.

Филмските проекции од годинашниот фестивал ќе се одржат од 1 до 4 јули во Кинотеката.

Фото: К. Попов