Групата „Баклава“ објави нов спот за песната „Нерези“. Автор на видеото е Марјан Јаневски, а од групата велат дека го добиле на подарок.
„Кога разбравме дека направил видео за една од нашите песни, бевме скептични. Зошто баш таа песна? Како ли ќе ја долови таа долга нумера што воопшто не се поклопува со стандардите на урбаната брзина која ни е секојдневие? И, се изненадивме“, велат членовите на групата.
„Нерези“ е песна за Водно, скопско Нерези, но и за Капиштец, Трнодол, Пржино, Црниче, Жданец.
„Ова е песна за нашето Скопје, онакво какво го сакаме кога се качуваме на високо за да си го видиме градот. Ма, каков и да бил“, додаваат од бендот.
Песната ја напиша пејачката Елена Христова и е од албумот „За Скопје со љубов“, објавен под етикетата на „ЦПЛ мјузик“ од Германија.
(Фото: С. Рајхл)