Пливачите Филип Петровски (ИТК, Македонија), Никола Стојановски (Доза среќа, Македонија), Михаило Ибрахимовиќ (СОСИБ, Србија), Стефан Чириќ (ОСИ Пирот, Србија), Владимира Китанова (Пирин, Бугарија) и Фатиме Јакупи (ИТК, Македонија) се истакнаа во категоријата адаптивно пливање на меѓународниот инклузивен пливачки натпревар „Атлас” за лица со попреченост и атипичен развој.
Натпреварот се одржа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Учествуваа околу 400 пливачи од Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Косово.
Организатори беа невладината организација ИТК и спортскиот клуб Атлантида од Скопје, додека Меѓународната организација за економски развој го поддржа како спонзор во соработка со Меѓународната полициска асоцијација.