ПИРОГРАФОТ ДАВОР БОШКОВСКИ ИЗЛОЖИ 44 ДЕЛА ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Велешанецот Давор Бошковски отвори изложба на дела работени во пирографија, уметност на горење на дрво со помош на ајва, алатка за лепење со калај. Авторот ова хоби го наследил од неговиот татко Петар. На изложбата, која е постaвена во Европската куќа во Велес, се претставува со 44 дела.

Фото: СМАРТ СДК.МК

„Ми остана од детството таа слика кога татко ми твореше и влегов во оваа работа. Во Македонија нема многу пирографи. Инспирацијата што ќе работам ми доаѓа навечер, па запишувам што идеја сум добил и следниот ден започнувам со реализација. Работам нешто помодерно, поактуелно“, вели авторот Бошковски.

За да изработи едно дело со просечна големина му се потребни пет-шест дена, во зависност од тематиката.

П. ПЕЧКОВ