Под мотото „Храбри нови зборови“/Brave new wor(l)ds“, денеска се отвора осмото издание на фестивалот на европската литература Букстар (Книжевни ѕвезди) во Скопје, кој најавува импресивна програма во следните три дена.
На годинашниот фестивал ќе гостуваат автори од Македонија, Исланд, Бугарија, Литванија, Хрватска, Романија, Италија и Словачка, кои ќе учествуваат во книжевни разговори, поткасти, работилница за раскажување приказни, читање и предавање.
Претходно беше објавено дека наградата Букстар за 2022 ја доби белоруската нобеловка Светлана Алексиевич за книгата „Војната нема женско лице“. Ќе бидат доделени и наградата за најактуелна книга меѓу две фестивалски изданија и нововостановената награда за најдобар превод „Драги“, во чест на Драги Михајловски.
Фестивалската програма ќе се одвива во МКЦ, библиотеката „Браќа Миладиновци“ и во КСЦ „Центар – Јадро“.