Планетариумот во Младински културен центар во Скопје утре повторно ги отвора своите врати за љубителите на астрономијата по двегодишната пауза.
„Повторно ќе имате можност да учите за планетите, ѕвездите, сите светли и темни нешта во вселената, за сè околу нас“, велат од МКЦ.
Предавањата, кои се адаптирани според возраста на посетителите, ги реализираат Моника Пешевска и Радан Митровиќ. Поради сè уште важечките ковид рестрикции, на едно предавање ќе можат да присуствуваат најмногу 30 лица.