Комисијата за заразни болести предложи повторно да се воведе полициски час во земјата, откако во изминатиот период е забележано зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус.
Само ден откако во Скопје пристигна прва тура руски вакцини против ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче најави заострување на мерките, што вклучува полициски час, што би бил на сила секој ден од 22 до пет часот. Ако предлогот биде потврден од Владата, општата забрана за движење би почнала да се применува уште утре и според Филипче, ќе важи две недели.
Во изминатите три дена, во Македонија се регистрирани речиси 1.900 нови случаи на коронавирус и според Комисијата за заразни болести, тоа се должи на собирите и непочитувањето на основните препораки за заштита.
Во Македонија претходно имаше полициски час од 22 март до 26 мај минатата година.