Италијански научници ја истражуваат мистериозната појава на розов глацијален мраз на Алпите, предизвикан од алги, што може да доведе до негово побрзо топење. Иако нема точно објаснување од каде потекнуваат алгите, се верува дека розовиот снег на делови од глечерот Презена е предизвикан од истата билка пронајдена на Гренланд неодамна.
„Алгата не е опасна, тоа е природен феномен што се случува во пролет и лето на средни надморски височини, како и на половите“, вели Бјаџо ди Мауро од Националниот истражувачки совет на Италија.
Вообичаено, мразот одбива повеќе од 80% од сончевата радијација назад во атмосферата, но алгите го потемнуваат мразот, кој така повеќе ја апсорбира топлината и побрзо се топи. Со топењето на мразот, и алгите побрзо се шират, бидејќи ги добиваат потребните вода и воздух.